Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трендафилов: Ги боли повеќе за нивните плати

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, реагираше на ставовите на Владата дека барањето за намалување на функционерските плати е политиканство и неуставно.

Тој порача дека предложената формула на ССМ е целосно уставна и законска и има за цел да ги заштити интересите на работниците.

Според Трендафилов, намалувањето на основицата за пресметка на функционерските плати од просечна на минимална плата, како и намалувањето на коефициентите за сложеност, би значело реално намалување од 80 отсто, со што функционерите би се вратиле во економската реалност на работниците.

ССМ бара минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да пораснат за најмалку 6.000 денари.

Трендафилов предупреди дека работниците не смеат да се откажат од права загарантирани со Устав и колективни договори, додека функционерите бараат решенија што ќе ги заштитат нивните примања.