Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови врнежи од дожд – Временска прогноза за 7.2.2026

/

пред 240 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 8°C, а максимумот од 10 до 16°C.

Информација од ова утро 6.2.2026

Минимална температура (во °C)

-2 Берово, Попова Шапка, -1 Тетово, 1 Крива Паланка, Битола, Кавадарци, Струмица, Kрушево, Лазарополе, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Штип, Демир Капија, Mаврови Анови, 3 Охрид, Претор, Виница,  Велес, 4 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

5 Охрид, 2 Крива Паланка, Штип, Виница, Попова Шапка, 1 Гевгелија, Пожаране, Mаврови Анови, Лазарополе, Пожар-Радовиш.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!