Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

37-годишен маж со церебрална парализа чека одлука од надлежните за социјален стан

/

пред 247 дена

Сподели преку :

Додека институциите одлучуваат за социјален стан, 37-годишниот Стефан Ивановиќ живее во неизвесност. Тој е со церебрална парализа, без сопствен дом и со социјални примања.

Од Министерството за социјална политика велат дека во ноември минатата година извршиле увид и утврдиле дека Стефан живее сиромашно и нема дом. Наодот кој ги содржи тие информации го доставиле до владината Комисија за станбени прашања, која треба да одлучи дали тој ќе добие социјален стан.

„Во наодот кој го доставивме до владината Комисија за станбени прашања е нагласено дека се работи за лице кое е во состојба на висок социјален ризик и има потреба од итна поддршка на надлежните институции“, известија од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Телма веќе објави дека 37-годишниот Стефан Ивановиќ го продал својот стан во Чаир за да може да замине на лекување во Киев, бидејќи боледува од церебрална парализа. Моментално живее како потстанар во барака во Кисела Вода, која наскоро ќе биде урната. Со месечни социјални примања од 15 илјади денари, Стефан стравува дека ќе остане без покрив над глава.

„Јас се нервирам дека немам кров над главата. Барам од Владата и надлежните институции да се забрзаат работите“, се пожали Стефан Ивановиќ, пациент со церебрална парализа.

Стефан апелира до хуманите граѓани да помогнат со донации преку фондацијата „Павел Андреев“, со цел повторно да замине на терапија во Киев. Воедно, очекува надлежните институции да му доделат социјален стан, за да може да живее мирно и со сигурен покрив над глава.

ЛИНК ЗА ДОНИРАЊЕ

https://pavelandreev.org/mk/campaign/da-pomogneme-od-srce-za-stefan-ivanovikj

Тамара Марковска

Б.С.