Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се јави во одбрана на својот криминал, дали станува се повеќе клаустрофобичен

/

пред 238 дена

Сподели преку :

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе  денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот туку за нелегална продажба на нелегален продукт – дрога. Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата „ЦБД Медплант” во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото, велат од владејачката партија.