Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

/

пред 244 дена

Сподели преку :

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа, поранешен член на Националното собрание, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.

-Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран пред само неколку минути во населбата Лос Чорос во Каракас. Тешко вооружени мажи, во цивилна облека, пристигнаа со четири возила и на сила го однесоа. Бараме негово итно ослободување, напиша Мачадо рано утрово на социјалната мрежа X.

Рамон Гуанипа, син на опозиционерот, потврди дека неговиот татко е киднапиран и изјави дека го киднапирале десет неидентификувани лица.

Партијата „Примеро Јустиција“ на Гуанипа го осуди киднапирањето на својот лидер, како што тврди, „од страна на репресивните сили на диктатурата“, пренесува BFM.

Неколку часа претходно, Гуанипа (61) беше ослободен од затвор, пред најавеното гласање за историскиот закон за амнестија во Венецуела.