Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќорвезироска, Цветкоски, Корнети, Шелева и Селмани со наградите на ДПМ за 2025 година

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Радува фактот дека од година во година расте интересот за традиционалните годишни награди што ги доделува Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). За разлика од минатата година, кога беа пријавени 46 дела, годинава на конкурост се пријавени 53. За првиот човек на ДПМ, Живко Грозданоски и професор Наташа Аврамовска во иднина треба се размисли да се зголеми периодот во кој жири комисиите ќе имаат доволно време да ги прочитаат сите пристигнати дела.

„Не е лесно да се прочитаат 17 прозни книги во период од нецел месец, затоа што првото гласање треба да биде во третата недела од јануари, што значи немаат доволно време да ги прочитаат сите книги. Идеата е да се отвори конкурсот до средината на декември, да се изберат жири комисии, а потоа книгите што дополнително ќе се објават, испечатат тие книги да бидат дополнително доставени, за да има време жири комисијата“, изјави Живко Грозданоски, претседател на Друштво на писатели на Македонија.

Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, проза што ја преиспитува комплексноста на љубовта, движечката енергија на животот и следи три женски судбини, е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело. Бранко Цветковски е добитник на наградата „Ацо Шопов“ за стихозбирката „Вообразби- лирски етиди за некој друг свет“. Романот „Илина и тајните на Бабин Заб“ на Хана Корнети ја доби наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади, додека наградата „Димитар Митрев“ ја понесе книгата „Книжевни созвучја и огледала“ од Елизабета Шелева.

Добитник на наградата „Мост“ е поетското дело „Инфинитивна поука“ од Ахмет Селмани, за книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Македонија.

Нина Стефанова