Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски бара конкретен датум за членство на Украина во ЕУ

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика секој мировен договор за ставање крај на војната во Украина да вклучува конкретен датум за пристапување на земјата во ЕУ.

Во објава на социјалната мрежа Х, Зеленски рече дека Украина „ќе направи сè“ за да биде „технички подготвена“ за влез во Европската Унија до 2027 година и оти земјата ќе ги исполни најмалку главните чекори кон членството. „Сакам конкретен датум“, напиша тој.

Зеленски предупреди дека ако договорот, кој треба да го потпишат САД, Русија, Украина и Европа, не содржи специфичен датум за пристапување, Русија ќе работи на блокирање на процесот – индиректно, преку одредени европски претставници, наместо да дејствува сама.

Тој го опиша членството во ЕУ како безбедносна гаранција за Украина, нагласувајќи ја потребата од конкретни детали со фиксна временска рамка.