Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд – Временска прогноза за 13.2.2026

/

пред 234 дена

Сподели преку :

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 7°C, а максимумот од 8 до 15°C.

Информација од ова утро 12.2.2026

Минимална температура (во °C)

-3 Попова Шапка, 0 Mаврови Анови, Лазарополе, Kрушево, 1 Пожаране, 3 Крива Паланка, Тополчани, 4 Берово, Ѓуриште, Тетово, Претор, Охрид, 5 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, Виница, 6 Кавадарци, Струмица, Штип, 7 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, 8 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

7 Битола, Гевгелија, 6 Крушево, Претор, Пожаране, 5 Прилеп, Тополчани, 4 Тетово, Ѓуриште, Попова Шапка, Маврови Анови, Лазарополе, 3 Скопје – Петровец, Велес, 2 Охрид, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, 1 Берово, Кавадарци, <1 Штип, Виница, Струмица.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

67 Попова Шапка.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!