Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ХИВ позитивни мажи силувале момчиња – Франција и Сенегал разбија меѓународна мрежа на педофили

/

пред 240 дена

Сподели преку :

Француските и сенегалските власти разбија меѓународна мрежа на педофили кои дејствувале од Бове во северна Франција до градот Сали на западниот брег на Африка.

Како што објави  францускиот весник „Монд“, сенегалската полиција привела 14 лица осомничени за групна педофилија, подведување, силување на малолетни момчиња од 15 години и намерно пренесување на ХИВ. Истрагата ја води француското одделение за криминалистички истраги, а сите приведени се државјани на Сенегал.

Се претпоставува дека приведените се дел од „криминална група“ специјализирана за „сексуална обука“ на млади момчиња. Момчињата наводно биле злоупотребени од мажи, претежно ХИВ-позитивни, кои имале незаштитен секс со нив, а сето тоа било снимено.

Четворица од приведените се опишани како „сексуални тренери“. Тие наводно признале дека го сториле кривичното дело и изјавиле дека дејствувале по наредба на француски државјанин, за што добивале финансиска компензација.