Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лефков: Во случај на било каков инцидент во Охридското Езеро, ќе бидат потребни дури 1.000 години за самостојно да се опорави

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Во случај на било каков инцидент во Охридското Езеро, што ние моментално го правиме, и ако го оставиме самостојно да се опорави, без никаква човекова активност, ќе му бидат потребни дури 1.000 години, истакна д-р Златко Лефков од Институт за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во вечерашнаѕта дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Но, ние треба да преземеме низа на мерки во крајбрежјето и во самото езеро кои што ќе доведат до подобрување. Прво, да земеме предвид испуштањето на комунални отпадни води во самото езеро. Системот на канализација или т.н. Колекторски систем е во делумна функција и она што функционира не е целосно и не е правилно. Второ, не сите домаќинства на брегот на Охридското Езеро во 21 век имаат канализација, што е срамота. Трето, во самото езеро имаме еден куп на бродови кои ниту од далеку не се еколошки. Треба да имаме предвид дека еден литар масло загадува еден милион литри вода. Може да замислите колку масло, бензин, нафта се испушта од стотици бродови во текот на летната сезона. Не верувам дека сите имаат добар технички надзор и се во апсолутно исправна функција“, вели Лефков.

С.Д.