Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД и Тајван постигнаа договор со 15% царина

/

пред 235 дена

Сподели преку :

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп постигна нов трговски договор со Тајван, со кој островската земја ќе ги отстрани или намали 99% од своите царински бариери, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник.

Договорот предвидува 15% царина за најголем дел од тајванскиот извоз во САД… Истата царинска стапка од 15% важи и за други партнери на САД во азиско-пацифичкиот регион, како Јапонија и Јужна Кореја.

САД и натаму се значително зависни од Тајван во производството на компјутерски чипови, при што трговскиот дефицит достигнал речиси 127 милијарди долари во првите 11 месеци од 2025 година.

На потпишувањето присуствуваа трговскиот претставник Џејмисон Грир, министерот за трговија Хауард Латник, како и тајванската вицепремиерка Ченг Ли-чиун.

Според Ченг, договорот е резултат на 10-месечни преговори и има цел да го балансира трговскиот дефицит и да ја продлабочи соработката во високотехнолошките сектори.