Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Евакуација во Кичево- активисти на Црвен крст изнесуваат маж низ надојдената вода

/

пред 239 дена

Сподели преку :

Двајца припадници на Црвениот Крст низ надојдената вода висока над еден метар,  изнесуваат маж за време на евакуацијата на најпогоденк делови од градот. Видеото е споделено на профилите на Црвен Крст.

Досега се евакуирани околу 230 лица кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Во моментов се обезбедуваат душеци, кревети, ќебиња, храна и топли оброци, вода за пиење и средства за одржување на лична и колективна хигиена.

Црвениот крст останува посветен на обезбедување хуманитарна помош и психосоцијална поддршка за сите погодени семејства, со апел за солидарност и поддршка од заедницата во овие тешки моменти.