Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Погодени над 30 домаќинства од поплавите во Сарај, евакуирани луѓе во Кичево

/

пред 233 дена

Сподели преку :

Поплави во Кичевско и Гостиварско. Се излеа Зајашка река, под вода се најдоа улици, домови и објекти на болницата во Кичево.

Стотици луѓе се евакуирани и времено сместени во спортска сала. Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица Прилепска е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов. Заезерувања има и на улица 29 Ноември во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба.

ЦУК извести и за поплави во гостиварско  и во скопската општина Сарај, погодени се над 30 семејства.Во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасност .

Преземени се координирани активности по поплавите во селата Буковиќ и Семениште.

Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ поради обилните врнежи од дожд и поплавувањата.

Најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште.

Во Североисточниот регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре.

Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката.  Во Југоисточниот регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд.

Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово и за истиот се известени надлежните служби. Во Источниот регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Екипи на општините, противпожарните служби и институциите за заштита и спасување непрекинато интервенираат на критичните точки во скопскиот, Кумановскиот, Тетовскиот, Гостиварскиот и Охридско-Кичевскиот регион.