Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата го чека мислењето од Советот за кандидатите за државен обвинител

/

пред 239 дена

Сподели преку :

Советот на јавни обвинители утре ќе ја одржи 38. седница, на која единствена точка на дневен ред е давање мислење до Владата за кандидатите за нов државен јавен обвинител.

Согласно законските рокови, Советот во рок од 15 дена треба да достави позитивно или негативно мислење за пријавените, по што Владата ќе предложи еден од кандидатите што добил позитивна оценка до Собранието.

Новиот обвинител треба да го наследи Љупчо Коцевски, кој во декември поднесе неотповиклива оставка. За изборот во Собранието е потребно мнозинство од 61 пратеник.