Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општина Сарај: Од денеска до 23 февруари, граѓаните да ги пријавуваат штетите од поплавите

/

пред 238 дена

Сподели преку :

Општина Сарај информира дека од денеска до 23 февруари, граѓаните да ги пријавуваат штетите од вчерашните поплави на територијата на оваа општина.

–Сите жители на населените места на Општина Сарај, кои беа погодени од силните поплави во последните денови, со ова се известуваат дека можат да поднесат барања за идентификација и проценка на штетите предизвикани врз станбените згради, помошните згради, опремата и други средства. Комисијата формирана од Општината ќе излезе на терен за да ги потврди фактите и да ги процени пријавените штети. Рокот за поднесување на барањата е од 16 до 23 февруари. По истекот на овој рок, поднесените барања нема да се разгледуваат – посочуваат од општината.

-Комисијата ќе им помогне и на жителите во пополнувањето на Обрасците за аплицирање, кои мора да се пополнуваат редовно и да бидат комплетни со сите задолжителни документи што се означени во барањата – информираат од Општина Сарај.