Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снежна лавина затрупала скијач од Данска на Шапка

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Вчера во попладневните часови на Попова Шапка снежна лавина затрупала 24-годишен турист од Данска. Несреќата се случила додека тој скијал на падините на планината.

Според соопштението на МВР тој бил пронајден кај местото викано „Церипашина“.

  • „На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал“ соопшти МВР.

По укажаната помош, Данецот со возило на Брза помош бил пренесен во приватна болница во Скопје.