Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Онкологија 2“: Биолошката терапија на се набавувала на реверс, сведочење на ревизор

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Биолошката терапија на Онкологија се набавувала на реверс, пред склучување на договор за јавна набавка и во моментот на прием и издавање на истата не е внесена цена, сведочеше денеска претставник од Државниот завод за ревизија на судењето за случајот „Онкологија 2“.

Стручен колегиум не го правел планот за набавка на биолошка терапија, туку според сведокот, докторите одлучувале, а одобрение давал медицинскиот директор, без да има правила и критериуми и без да се земе предвид дали клиниката располага со доволно количини лекови за сите пациенти.

Сведокот заклучил дека ваквите практики создаваат ризик биолошката терапија да не биде еднакво достапна за сите пациенти, што е спротивно на законите.

Во „Онкологија 2“, тогашните директори Васев и Нухи се обвинети дека од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за 36 милиони евра.