Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гоџо: Потребни се интервјуа на кандидатите за државен јавен обвинител, кај нас процесот е формален

/

пред 237 дена

Сподели преку :

Јас во идеална ситуација би сакал да ги слушнам кандидатите за државен јавен обвинител, дали ќе биде тоа преку нивна програма писмена или тоа да го образложат дали пред Советот за јавни обвинители, а уште подобро и пред собранието кое понатаму ќе одлучи, истакна адвокатот Александар Гоџо во денешното издание на „Директно“ на Телма ТВ.

„Да потсетам дека во многу држави има процес на номинација, особено за овие критични, високи државни функции. Се оди низ еден процес на сослушување пред оној орган кој што го избира. Така јавноста може да стекне впечаток, не само врз основа на овие формални критериуми, туку и врз некои други работи кои што ќе ги дознае преку тоа интервју, па дури и лични прилики, убедувања, што планира, со која програма настапува, итн.“, вели Гоџо.

И тој го дели мислењето дека премногу формално се пристапува кон некои процеси во земјава.

„Еве сите овие членови ги исполнуваат условите, формални. Значи тие се судии, обвинители кои што работат на кривична материја 10 години и номинални, тие ги исполнуваат тие услови“, додаде Гоџо.

С.Д.