Денеска, по повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе одржи свечено чествување за значењето на македонскиот јазик.
Во „Црвена линија“ зборуваме за нашиот мајчин јазик, темел на нашиот идентитет, култура и традиција. Многу наши дејци, како Прличев, Миладиновци, Мисирков, Конески се бореле за него, затоа јазикот е најважното тло на кое цврсто стоиме. Јазикот е нашата татковина. Го губиме ли македонскиот јазик збор по збор? Како да го зачуваме јазикот за идните генерации?
АНКЕТА: Дали сме генерација што ќе го сочува или ќе го изгуби јазикот?
а) Ќе го сочува или б) Ќе го изгуби