Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јазикот не е само административна категорија, туку е културна и духовна – меѓународен ден на мајчиниот јазик

/

пред 227 дена

Сподели преку :

Самоуверените и успешни нации се гордеат со својата култура и својот мајчин јазик и токму преку мајчиниот јазик ги усвојуваат соседните и престижните или светски јазици, вели професор Јованова – Грујовска. Многувековната борба за слобода, државност и признат македонски јазик нѐ научи на заемно почитување на различните култури и јазици. Но, кои се предизвиците денес за македонскиот јазик:

„Најголемите предизвици со кои што се соочува македонскиот јазик е влијанието од доминантните странски јазици, влијанието од јазикот со престиж и конкретно од латиницата. Тоа се двата големи предизвика и треба да бидеме единствени дека сета комуникација треба да се одвива на македонски, таа да биде модерна, прифатена меѓу младите, значи што повеќе македонски зборови да се користат“, изјави проф. д-р Елена Јованова Грујовска, директорка на Институт за македонски јазик.

Дали мајчиниот јазик е службениот јазик на една држава, дали, пак, дијалектот што го слушаме од нашите родители или е стандардниот јазик што го учиме во училиштето, се дел од аспектите на кои се осврна професор Цветановски во своето обраќање во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

„Мајчиниот јазик не може да се сведе само на една административна категорија, тој е културна и духовна категорија. Тоа е јазикот во кој се оформува нашата прва мисла, првата приказна, првата молитва преку него ја наследуваме колективната меморија“, рече проф. д-р Гоце Цветановски, Институт за македонски јазик.

Во однос на прашањето со кои предизвици денес се соочува македонскиот јазик, претседателката Силјановска – Давкова забележа дека тие предизвици се слични со оние со кои се соочуваат и останатите т.н. „мали јазици“. Јазикот живее со говорителите, низ нивната љубов и одговорност во начинот на кој се однесуваат кон него.

„Најважно е ние или секој од нас да се обидеме да се чуеме како говориме македонски секаде и секогаш, во сите институции, во сите организации, на сите нивоа и да се запрашаме дали така како што мајките се грижеле за нас, ние се грижиме за мајчиниот јазик“, порача претседателката Гордана Силјановска – Давкова. 

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик настапија и ученици кои прочитаа творби на повеќе јазици.

Нина Стефанова