Најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје во југоисточна Украина, сега функционира само со енергија од далноводот „Дњепар“, откако на 10 февруари бил урнат резервниот далновод, наводно како резултат на воени активности, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија. Централата има шест реактори и не произведува електрична енергија, но потребна ѝ е струја за да се одржува ладен нуклеарниот материјал и да се спречи топење на јадрото.
МААЕ постојано има набљудувачи на местото на настанот, но случувањата на терен го ограничуваат нивниот пристап до оштетената опрема.
Претходно, двата надворешни далновода на централата биле во прекин повеќе пати, при што принудило електраната беше приклучувана на дизел генератори.
Контролата врз Запорожје останува клучна во преговорите меѓу Украина и Русија.
Киев предложи управување на централата од страна на Украина и САД, но Русија го отфрла овој предлог како неприфатлив, што дополнително ја отежнува ситуацијата во речиси четиригодишниот конфликт.











