Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ристоска му одговори на Мицкоски: Демократијата бара фер критериуми, не селективни одлуки

/

пред 229 дена

Сподели преку :

Kандидатката Ленче Ристоска му одговори на премиерот Мицкоски кој претходно изјави дека таа апсолутно не е во игра за нов државен јавен обвините.

Таа рече дека кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат.

„Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност“, истакна Ристоска.

Според неа професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува.

„Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество“, додаде Ристоска.

Т.Д.

Или јавно да се извинат или да ги докажат тврдењата, во спротивно ќе следува тужба – Ристоска реагира на притисок и заплашување од ВМРО-ДПМНЕ