Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наутро во северозападните делови услови за слаб снег, во текот на денот облачно со сончеви периоди – Временска прогноза за 22.2.2026

/

пред 225 дена

Сподели преку :

Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во северозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 4°C, а максимумот од 4 до 11°C.

Информација од ова утро 21.2.2026

Минимална температура (во °C)

-3 Попова Шапка, -1 Берово, 0 Mаврови Анови, 1 Претор, Струмица, Kрушево, 2 Крива Паланка, Охрид, Битола, 3 Прилеп, Штип, 4 Тетово, Виница, 5 Скопје-Петровец, Велес, 6 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Гевгелија, 7 Кавадарци.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

20 Битола, 15 Претор, 14 Охрид, Kрушево, 13 Штип, Гевгелија, 12 Крива Паланка, Кавадарци, Пожаране, Ѓуриште, 11 Прилеп, Велес, Mаврови Анови, 9 Виница, 8 Тетово, 7 Скопје-Петровец, Тополчани, Попова Шапка, 4 Берово, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 2 Демир Капија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

100 Попова Шапка.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!