Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зачадени домови и стрес, за среќа без жртви – пожар во угостителски објект во Трговскиот центар во Кочани

/

пред 232 дена

Сподели преку :

Зачадени домови и стрес, но, за среќа без човечки жртви, мина денешниот пожар во угостителски објект во комплексот со 96 стана во Трговскиот центар во Кочани, објави градоначалникот Венко Крстевски на Фејсбук.
„Како и во неколку случаи низ минатото, наша среќа беше што пожарот не се прошири и што имаше брза интервенција на ТППЕ. Сега имавме и дополнителна среќа што дистрибутер на роба го затекнал пожарот во кујна, која се наоѓа во посебен објект (што е незаконски), додека во кујната немало никој од персоналот“, напиша Крстевски на Фејсбук.
Тој нагласи дека денешниот пожар во Трговскиот центар во градот е последен апел до кочанското обвинителство до кое поднел кривична пријава на 10 јуни во 2025 година поради, како што вели, „незаконски активности на угостителските кокошарници“.
С.Д.