Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Венецуела ослободи 80 политички затвореници

/

пред 230 дена

Сподели преку :

Вкупно 80 политички затвореници се ослободени во Венецуела, како дел од неодамнешната амнестија, изјави претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез.

„Осумдесет лица се ослободени во Каракас“, рече тој, откако венецуелското судство ослободи 379 политички затвореници по усвојувањето на Законот за амнестија.

Амнестијата беше ветена од привремената влада по апсењето на поранешниот претседател Николас Мадуро од страна на САД.

Законот, усвоен од пратениците, беше ветен под притисок од САД од страна на привремената претседателка Делсеа Родригез, која ја презеде функцијата по апсењето на претседателот Николас Мадуро за време на американската воена операција на 3 јануари.