Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се испитува статиката на мостовите на реките Брегалница и Отиња

/

пред 231 дена

Сподели преку :

Мостовите на реките Брегалница и Отиња ќе се реконструираат, но деновиве екипи на ИЗИС прават испитувања на статиката и носивоста на мостовите кои ги поврзуваат населбите и централното градско подрачје. Општината ова го прави, бидејќи мостовите се изградени пред повеќе децении, а денес се соочуваат со зголемен сообраќаен притисок, дотрајаност на конструкцијата и оштетувања предизвикани од временските услови.

„Јас верувам дека по анализата и истражувањата ќе бидат преземени сите чекори, но тоа не значи дека треба да владее паника меѓу населението. Ова го правиме превентивно. Овде мислам, пред сè, на мостовите на река Брегалница, затоа што датираат многу одамна и кои имаат поголема носивост“, вели Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Водостојот на река Брегалница се менува и тоа влијае на статиката на мостовите. Инаку, обновените мостови би придонеле и за подобрување на урбаниот изглед на градот, како и побезбеден транспорт и на граѓаните. Испитувањата на ИЗИС завршуваат на крајот од месецот, по што Општина Штип ќе знае кој од мостовите има приоритет за санација.

Викторија Јованова