Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снежно невреме во Германија – 500 патници преспаа во авиони во Минхен

/

пред 230 дена

Сподели преку :

Околу 500 патници биле принудени да преноќат во авиони на аеродромот во Минхен среде зима, соопшти денеска портпарол на германскиот авиопревозник Луфтханза.

Патниците веќе се качиле на своите летови, закажани за четврток навечер, кога биле откажани поради обилни снежни врнежи, пренесува ДПА.

Патниците не можеле да се вратат на терминалот поради недостаток на автобуси и паркинг места, а потоа биле принудени да останат во авионите преку ноќ, заедно со членовите на екипажите.

Во авионите паркирани на аеродромската писта преспале патниците на три лета на Луфтханза за Сингапур, за Копенхаген и за Гдањск, како и на Ер Доломити за Грац и за Венеција.

Аеродромските власти во Минхен досега официјално не излегоа со објаснување зошто немало достапни возила, туку само изразија жалење за „предизвиканите непријатности“.