Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поулсен: Данска нема сознанија дека американски болнички брод е на пат кон Гренланд

/

пред 230 дена

Сподели преку :

Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави дека Данска нема сознанија дека американски брод болница е на пат кон Гренланд. Во исто време, тој нагласи дека жителите на Гренланд ја добиваат целата потребна здравствена заштита.

„Нема потреба од посебна здравствена интервенција на Гренланд. Владата на Гренланд денес веќе се грижи за тоа, а Данска би интервенирала доколку има потреба од тоа“, порача министерот.

Американскиот претседател Доналд Трамп на платформата „Тру Сошол“ објави дека заедно со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, договорил испраќање на болнички брод за Гренланд, данска територија која сака да ја анектира кон САД.

Најавата на Трамп дојде неколку часа откако данската Арктичка команда соопшти дека е евакуиран член на екипажот на американска подморница, кој побарал итна медицинска помош, седум наутички милји од главниот град на Гренланд, Нук.

Американската морнарица има два болнички брода – УСНС Мерси и УСНС Комфорт. Според податоците на сервисот Marine Traffic, УСНС Мерси моментно се наоѓа на бродоградилиштето во американскиот град Мобајл, според Веселфајндер, и US Comfort пред 17 дена бил сместен на истата локација.

Бродоградилиштето Алабама Шипјард во Мобајл на 23 јануари објави фотографија на која се гледаат двата брода, еден крај друг, каде треба да бидат реновирани. И според податоците на сервисот Marine Traffic, двата брода се наоѓаат на бродоградилиштето во Мобајл.