Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сијарто: ЕУ утре сака да усвои 20-ти пакет санкции за Русија, Унгарија ќе го блокира

/

пред 230 дена

Сподели преку :

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто во две објави на Икс го заостри притисокот кон Украина поради транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ за Унгарија и за Словачка.

Во првата, Сијарто нагласи дека решението е едноставно и оти Киев треба да ги обнови испораките.

„Едноставно и лесно е. Наместо мешање во нашите избори, повторно да ги рестартираме испораките на нафта за Унгарија и за Словачка. И едните и другите знаеме дека нема технички пречки“, напиша Сијарто.

Во втората, пак, тој најави дека Унгарија ќе го блокира усвојувањето на 20-от пакет на санкции на Европската унија против Русија.

„На утрешниот Совет за надворешни работи, Европската унија сака да усвои 20-ти пакет санкции. Унгарија ќе го блокира“, порача Сијарто.

Неговите пораки доаѓаат по отфрлените притисоци од украинското министерство за надворешни работи за Будимпешта и Братислава, порачувајќи им дека уцените околу енергенсите во момент на руски напади му одат во корист на агресорот.