Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп е „изненаден“зошто Иран сè уште не „капитулирал“ под притисок на САД

/

пред 229 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп е „изненаден“ зошто Иран сè уште не „капитулирал“ под засилениот воен притисок на САД, изјави неговиот специјален пратеник Стив Виткоф.

Во интервју за Fox News, Виткоф рече дека Вашингтон има „многу алтернативи“, вклучително и ограничен воен удар доколку не се постигне договор за иранската нуклеарна програма.

Изјавите доаѓаат по индиректните разговори меѓу двете страни во Женева, со посредство на Оман, каде според двете делегации бил постигнат извесен напредок.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи најави можен „win-win“ договор и подготовка на нацрт-спогодба.

\Меѓувреме, во Техеран и други градови избувнаа нови студентски протести поради крвавата јануарска акција на властите, додека САД го засилуваат военото присуство во регионот со носачи на авиони и воени бродови, дополнително подгревајќи ги стравувањата од поширока ескалација.