Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Фон Дер Лајен пристигна во Украина на четвртата годишнина од почетокот на руската офанзива

/

пред 228 дена

Сподели преку :

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен соопшти дека пристигнала во Киев на денот на четвртата годишнина од руската офанзива, за да „потврди дека Европа ја поддржува Украина финансиски, воено и во текот на целата оваа сурова зима“.

-Во Киев по десетти пат од почетокот на војната. Да потврдиме дека Европа непоколебливо стои со Украина, финансиски, воено и во текот на оваа сурова зима. Да ја нагласиме нашата трајна посветеност на праведната борба на Украина. И да испратиме јасна порака до украинскиот народ и до агресорот: нема да попуштиме додека не се воспостави мир. Мир под условите на Украина“, напиша Лајен на Х.