СДСМ воопшто не се плаши од тоа што ќе го изјави Артан Груби пред институциите во текот на постапката, ниту било кој функционер и член на СДСМ, изјави Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
Прашана од колегата од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, дали стравуваат од исказите на Груби пред истражителите, Тренчевска вели во случајот на Груби, одговорноста не е индивидуална туку колективна, затоа што владата е колективно тело.











