Бегството на Артан Груби предизвика политички потрес, а неговото враќање и куќниот притвор ја засилија перцепцијата дека правосудството повторно ја тестира довербата од едвај 2 проценти. Министерство за внатрешни работи и Агенција за национална безбедност тврдат дека во Шутка не може да му се гарантира безбедност, додека Јавно обвинителство вели дека куќниот притвор е законски основан. Но суштината останува: зошто се врати – носталгија, абер од ДУИ или договор со институциите?