Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа

/

пред 222 дена

Сподели преку :

Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со цела Европа, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во објава на социјалните мрежи споделувајќи мапа со воспоставените нови авиолинии кон Европа од двата домашни аеродрома од 2024 до 2026 година.

Николоски во објава на „Фејсбук“ истакнува дека силно се развива авиосообраќајот во државата.

– Аеродромите во државата со сè поголем број патници стануваат лидери во регионот. Продолжуваме во периодот што следува со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот – напиша вицепремиерот Николоски.