Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Собрание претставување на кандидатите за член на Судскиот совет

/

пред 231 дена

Сподели преку :

Денеска Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.

На огласот се пријавија десет кандидати, а работната група составена од Комисијата утврди дека само шестмина ги исполнуваат предвидените услови.

Свои претставувања за член на Судскиот совет што го избира Собранието ќе имаат Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово,  Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од од с. Чејле, Гостивар, Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од с. Равен, Гостивар, Фадил Џелил, магистер на правни науки со положен правосуден испит од с. Чегране, Гостивар, Светлана Попова, магистер на правни науки со положен правосуден испит од Штип и Сејфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште.