Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот на ЈО до Филков: Повисокото јавно обвинителство е тоа што го врши надзорот

/

пред 231 дена

Сподели преку :

Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавни обвинители во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор, објави Советот на јавни обвинители на РСМ, по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Советот на ЈО, во соопштение објавено на својата веб страница, посочува дека согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот.

  • Во интерес на транспарентноста на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, а по повод јавната прозивка од министерот за правда на РСМ упатена до Советот да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, за да утврди дали постои одговорност кај јавните обвинители, ја информираме јавноста дека Советот во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, а согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот – стои во соопштението од Советот на јавни обвинители.