Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Израел и САД го нападнаа Иран- три големи експлозии во главниот град Техеран

/

пред 221 дена

Сподели преку :

Рано утрово Израел објави дека го почнал нападот врз Иран кој го нарече превентивен за да се спречи развојот на нуклеарната програма на Иран, како и програмите за развој на ракетно оружје со долд дострел.

На повеќе видеа е снимен ракетниот удар врз,главниот град Техеран кој беше погоден со три проектили.

Американскиот претседател Доналд Трамп во свое обраќање преку социјалната мрежа Трут потврди дека во нападот учествуваат и американските воени сили.

Утринскиот напад повторно го турка Блискиот Исток во нов воен конфликт и дополнително ги намалува можностите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот, анализираат повеќе новинарски агенции.

Нападот следува по 12-дневната воздушна војна меѓу Израел и Иран во јуни 2025-та, а е реализиран по повторените предупредувања од САД и od Израел дека ќе нападнат доколку Иран продолжи со своите нуклеарни и балистички ракетни програми.