Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека е започната „масивна и тековна“ воена операција против Иран. Во видео објавено на социјалните мрежи, тој изјави дека американските сили веќе спроведуваат „големи борбени операции“, со цел да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма и ракетните капацитети.
Трамп нагласи дека Вашингтон има намера „да ги уништи нивните ракети и целосно да ја разори ракетната индустрија“.
Според него, Техеран продолжил со развој на проектили што би можеле да достигнат до американска територија, што, како што рече, претставува директна закана за националната безбедност.
Во нападите учествува и Израел, а првичните удари наводно биле извршени во близина на канцелариите на врховниот лидер Али Хамнеи.
Ирански медиуми јавија за напади низ повеќе делови од земјата, додека од главниот град се издига чад по експлозиите.











