Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИН МЕМОРИАМ: Почина хирургот и професор Владо Јаневски

/

пред 224 дена

Сподели преку :

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, универзитетски професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Професорот Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација.

Во текот на својата медицинска и научна кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел. Денот на жалост за семејството станува и ден на последно збогување за пошироката медицинска и академска јавност што го познавала Владо Јаневски како хирург, професор и лекарски авторитет.