Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР формира кризен штаб – Давкова повика совет за безбедност

/

пред 224 дена

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија формира кризен штаб кој континуирано ја следи безбедносната состојба на Блискиот Исток и е достапен 24 часа дневно за помош, поддршка и асистенција на македонските државјани.

Министерството апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните известувања и строго да постапуваат според безбедносните протоколи.

Исто така, се препорачува одложување на сите ненeопходни патувања кон земјите од регионот додека не се подобри безбедносната состојба.

Министерството со сите свои капацитети, преку дипломатско-конзуларните претставништва, останува целосно на располагање на граѓаните и ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите релевантни информации и понатамошни насоки.

По извршените консултации, претседателката Гордана Силјановска – Давкова за утре, 1 март 2026 година, свика седница на Советот за безбедност. Седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде разгледување на безбедносната состојба во земјата по најновите случувања на Блискиот Исток.