Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со локална облачност и услови за утринска магла – Временска прогноза за 3.3.2026

/

пред 216 дена

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 5°C, а максимумот од 14 до 20°C.

Информација од ова утро 2.3.2026

Минимална температура (во °C)

-6 Берово, -3 Битола, -2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, -1 Тетово, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Гевгелија, 0 Охрид, Кавадарци, Mаврови Анови, Попова Шапка, 1 Скопје-Зајчев Рид, 2 Виница, Kрушево.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

77 Попова Шапка.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!