Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руте: Европа апсолутно ги поддржува акциите на САД во Иран

/

пред 222 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека Европа „апсолутно ги поддржува акциите на САД во Иран“, нагласувајќи дека Иран е закана за Европа и другите земји во регионот.

Запрашан дали одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да дозволи САД да ги користат британските бази за напади врз Иран е донесена предоцна, тој одговори дека пред официјалното британско одобрување, морале да бидат решени „правните аспекти за тоа прашање“.

Руте потврди дека пред интервенцијата на САД во Иран, имал бројни разговори со американски претставници и додаде оти Вашингтон и НАТО воспоставиле „тесна координација“.

На прашањето дали НАТО ќе се вклучи во операциите во Иран, тој одговори негативно, додавајќи дека „ова очигледно е кампања на Американците и на Израелците“.