Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кирјас: Ништо ново од Брисел, Европа е затечена, без унифициран став и заедничка позиција, мора да биде проактивна

/

пред 226 дена

Сподели преку :

Од Брисел и Европа нема ништо ново, продолжува шареноликоста на изјави, ако сакаме да бидеме брутални, можеме да кажеме какафонија од Европа, рече Емил Кирјас, аналитичар и експерт за геопололитика, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма во однос на ставовите за меѓународната политика и ескалацијата на судирите на Блискиот Исток по американско-израелските воздушни напади врз Иран.

„Нема унифициран став, нема заедничка позиција и она што е најзагрижувачки и што мене ме разочарува како Европјанин е тоа дека нема ништо од најавата на Европската Комисија дека ќе биде геополитичка комисија, односно дека Унијата ќе си ја презема својата геополитичка улога. Гледаме дека Европа е затечена и покрај тоа што имаше масовно градење на американската морнарица во Индискиот Океан, Блискиот Исток, во Медитеранот. Наместо Европа да биде проактивна, наместо да биде таа сила која ќе доминира со својата политика и улога, повторно е реактивна, но со различни ставови“, вели Кирјас.

С.Д.