Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството нареди обдукција на телата по несреќата во Карпош

/

пред 218 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје нареди обдукција на телата на мајката и малолетната ќерка кои починаа по пад од висококатница во скопската населба Карпош.

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот и наложил прибирање траги и докази за расчистување на случајот.

Од Обвинителството информираат дека се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за трагедијата.

Повеќе детали за преземените дејствија најавуваат за денеска. Во  меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи братот на починатата, велејќи дека станува збор за долгогодишно семејно насилство и дека во случајот потфрлиле институциите.

Побара одговорност од повеќе институции и повика јавноста да не шпекулира за настанот. Обвини дека институциите дозволиле да згаснат млади животи и побара одговорност.