Бурни реакции по трагедијата во Карпош. Казните за насилниците се преблаги, а за службениците кои не ја заштитиле жртвата, воошто и ги нема, реагираат од невладината „Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство“ и бараат итна суспензија на сите што знаеле за теророт низ кој минувале Ивана и нејзината ќерка и не ги заштитиле.
Клучниот проблем, според мрежата, е тоа што првите пријави не се сфаќаат сериозно и не се прави реална проценка на ризик.
Во полиција алармот на жртвата најчесто се заведува како поплака, а социјалните центри се обидуваат проблемот да го решат со само едно единствено советување на насилникот.
Елена Димушевска директорка на „Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство“ во разговор за Телма вели дека не постапувањето на институции по пријави за семејно насилство води до трагични настани.
Таа аперира секоја пријава институциите сериозно да ја разгледаат и да преземет мерки за превентивно да се делува.
Со Димушевска разговараше Тамара Марковска











