Американскиот претседател Доналд Трамп одговори дали Израел го натерал да го нападне Иран.
„Не, можеби јас ги натерав на таков потег. Преговаравме со тие лудаци и по мое мислење, имаа намера први да нападнат. Не сакав да се случи тоа. Ако некој натерал некого на потег, тогаш јас можеби го натерав Израел. Мислам дека беа изненадени, јас бев изненаден, а сега сите тие земји се борат против нив“, порача тој.











