Партиските структури на демократското движење, партијата на поранешниот вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, едногласно одлучиле да му дадат овластување на Изет Меџити да продолжи да го води процесот на трансформација на партијата и нејзиното претопување во новата партија „ВРЕДИ“.
Од партијата додаваат оти се уверени дека продолжуваат да создаваат „историска можност за „ВРЕДИ“ да продолжи да окрупнува и да ја зацврсти улогата на главен репрезент на волјата на мнозинството албанци“.
-Овој чекор ја консолидира албанската политичка сцена и поставува цврсти основи за поголемо учество и влијание на албанците во идниот политички живот“, велат од партијата.
Инаку денеска ќе се бираат новите заменици министри во владата токму од оваа партија.











