Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евакуациски авион слета во Србија со 67 луѓе кои бегаат од Израел, меѓу нив и Македонци

/

пред 217 дена

Сподели преку :

Авион за евакуација на „Ер Србија“ со 67 патници слетал синоќа во Белград од Шарм ел Шеик, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија, објави nova.rs.

Покрај граѓаните на Србија, во авионот имало и граѓани на Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои биле евакуирани од Израел.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Дамјан Јовиќ, истакна дека обврска на државата е да се грижи за своите граѓани во сите околности, и добри и лоши, и токму тоа е причината за организирање лет за евакуација на граѓаните кои се нашле во воено разурнатите подрачја, се наведува во соопштението на министерството.

Според него, иако станува збор за хуманитарно прашање, со овој гест Србија испраќа порака дека се стреми кон најдобри и најблиски односи исполнети со солидарност со соседните земји.

Македонската амбасада во Абу Даби ги повикува сите граѓаните кои сакаат да се евакуираат да се пријават