Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио: САД нападнаа за да не бидат нападнати

/

пред 220 дена

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека одлуката на претседателот Доналд Трамп за напад врз Иран била донесена за да се спречи евентуален прв удар врз американски цели.

Рубио нагласи дека администрацијата проценила оти изминатиот викенд претставувал „единствена можност“ мисијата да биде успешна. Тој рече дека САД сакале да преземат превентивен удар со цел да се избегне одмазда.

Повторувајќи ја клучната позиција на Доналд Трамп, Рубио истакна дека Иран нема да добие нуклеарно оружје додека тој е на власт. Според него, светот ќе биде побезбедно место кога „радикалните верски водачи“ во Техеран повеќе нема да имаат пристап до такво оружје.

T.Д.