Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Транспаренси Интернешнл“ откри неправилности во работата на политичките партии, Министерството за одбрана и Државниот архив

/

пред 220 дена

Сподели преку :

Tранспаренси Интернешнл-Македонија во својот месечен мониторинг на случаи на корупција преку својата иницијатива „Бистро-Матно“ во месец февруари издвојува неколку матни настани. Меѓу нив во февруари ревизиите на Државниот завод за ревизија открија низа неправилности во работењето на политички партии, Министерството за одбрана, Државниот архив и други институции.

Констатирани се и проблеми со финансиската евиденција, недоволна контрола при јавни набавки, неажурирани списоци на забранети супстанции и неправилности во исплатата на надоместоци.

Меѓу бистрите се издвојуваат обвиненија за давање и примање мито поврзано со ИПАРД фондовите, злоупотреба на службена положба при јавна набавка во Кочани и користење на јавни ресурси за политичка кампања. Овие случаи ја потенцираат важноста од континуирана борба против корупцијата и следење на законските процедури.

T.Д.